Првите подготовки се започнати, во соработка на „Ворнер брос” и Чарли и Вили Еберсол, а големи се шансите главната улога да ја добие најактивниот кошаркар во изминатава година, Џејмс Леброн.
Се предвидува дека вториот дел на Space Jam ќе се снима по крајот на НБА сезоната, доколку Џејмс ја прифати улогата.
За потсетување, Џејмс ќе го замени легендарниот Мајкл Џордан кој пред речиси 2 децении учествуваше во ова незаборавно филмско остварување.