Што зборува за вас, бојата на облеката?

popara26 февруари, 20141min00
9

Направено е истражување во врска со значењето кое го оддаваат боите.Тоа покажало дека постои силна врска меѓу карактерните особини и бојата на облеката која ја избираме.

Исто така, докажано е дека бојата на облеката има силно влијание на нашето расположение, но и на расположението на оние околу нас и на тоа каков впечаток ќе оставиме на нив.

sto-zboruva-za-vas-bojata-na-oblekata-1

Кафена

Оваа боја најчесто се поврзува со дрвото, односно со бојата на дрвото од кое се изработуваат најразлични предмети. Кога се работи за облека, обично се поврзува со личности од доверба и оние на кои може да им се верува. Сепак, кога  би се облекле од глава до пети во кафено, може да изгледаме досадно, затоа најдобра комбинација е кафена со зелена боја.

sto-zboruva-za-vas-bojata-na-oblekata-2

Црна

Ова е една од најпопуларните бои кога се работи за облеката. Таа е свечена, сериозна, а во исто време значи и припадност кон разни музички и други друштвени групи. Сепак, стручњаците за облека кажуваат дека луѓето кои на себе сакаат постојано да имаат облечено  црно, всушност им недостига фантазија, а по малку знаат да бидат и морбидни. Црната боја симболизира моќ, и авторитет, но добро е да се разбие монотонијата со некоја друга боја.

sto-zboruva-za-vas-bojata-na-oblekata-3

Бела

За разлика од претходните две бои, кога целосно ќе се облечеме во бело, нема воопшто да изгледаме досадно. Дури напротив! Белата боја значи чистота, младост и виталност, а оние кои носат облека со ваква боја, сакаат токму тоа да го истакнат. Зависно од материјалот, парчињата од свила или лен во бела боја може да дадат уште посилен или понежен ефект.

sto-zboruva-za-vas-bojata-na-oblekata-4

Сина

Истражувањата покажуваат дека сината боја е една од боите кои најмалку му пречат на човечкото око, па добро е да ја носите кога разговарате со други луѓе, односно кога знаеме дека таквата средба ќе потрае. Сината боја е боја на стабилност и доверба, а тоа често се поврзува со мирот и смиреноста.

sto-zboruva-za-vas-bojata-na-oblekata-5

Виолетова

Постојат многу нијанси на виолетовата, од темно виолетова до лаванда-виолетова. Која нијанса и да ја одберете нема да погрешите, бидејќи некои верувања кажуваат дека носењето виолетова боја носи пари во вашиот живот. Личностите кои ја сакаат виолетовата боја на облеката се креативни и чувствителни, ги почитуваат духовните вредности и ја практикуваат медитацијата.

sto-zboruva-za-vas-bojata-na-oblekata-6

Црвена

Црвената боја е многу енергична, што значи ви дава енергија и вам и на тие околу вас. Меѓутоа, треба да се биде внимателен и не треба да ја облекувате во ситуации каде што е потребно атмосферата да биде мирна и стабилна. Од многу примери се покажало дека многу тешко би можеле да смирите бебе кое плаче доколку на себе имате црвена облека. Оние кои имаат многу црвена облека се страсни личности , подложни на опасности.

sto-zboruva-za-vas-bojata-na-oblekata-7

Зелена

Зелената боја ја сакаат активните личности кои имаат бујна фантазија. Зелената боја дава мир и утеха. Зависно од тоа која нијанса на зелена ја сакате, изборот на темните нијанси на зелена значат добро балансирана и доверлива личност, а светлите зелени нијанси ги избираат потемпераментни и повесели личности.

Во каква боја е вашата облека денес?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma