Британецот Ијан Брукс (47) ги восхитил медицинските експерти кога остварил неверојатно опоравување иако лекарите му прогнозирале уште неколку седмици живот поради страшниот облик на рак после што имал 70 тумори во телото. Само после две седмици радикална терапија болеста која се заканувала да го однесе неговиот живот исчезнала.
Дел од експеримент
Овој механичар од Болтон открил во 2001 година дека боледува од лимфом, рак на лимфниот систем. После повеќе години терапија болеста се повлекла, меѓутоа повторно се вратила во 2008 година и тоа во многу потежок облик од претходно. Лекарите сметале дека нема да се опорави и дека во прашање се денови кога ќе умре. Неговата последна шанса била радикална терапија, експериментално лечење, кое за среќа успеало.
Станува збор за најимпресивниот албум скенови кои некогаш сум ги видел – изјавил др Адам Гиб, лекар во болницата во Манчестер.
Туморот уништен внатрешно
Лекарите сметаат дека Брукс успеал да ја победи болеста благодарение на лекот кој се состои од антитела кои бараат одредени протеини надвор од клетките погодени од карцином и потоа ги уништуваат внатрешно.