Истражувањето покажа дека во последните 40 години, сигурносните услови на патиштата многу се подобрени, а на намалениот број смртни случаи влијаат и безбедносните појаси, воздушните перничиња и автоматските системи за безбедност во модерните возила.
Сепак бројот на смртоносни сообраќајни несреќи во светот сепак е и понатаму висок. Меѓу земјите во црвената зона се африканските земји, а во зелената зона доминираат оние европските.
Експертите на Универзитетот во Мичиген направиле споредба со мапите за смртност од заболување од рак, каде ситуацијата е сосема спротивна. Африканските држави имаат мал број вакви случаи, за разлика од развиените европски земји каде има висока смртност од оваа болест.
Ако првата работа што ви текнува како одговор на прашањето од насловот е Македонија, за среќа не сте во право. Според резултатите од Универзитетот во Мичиген, Намбија е означена како најопасна држава за возачите, додека Малдивите се најсигурното место на светот за луѓето зад воланот. Македонија е во врвот меѓу државите со најмалку фатални сообраќајни несреќи во светот.