Еден пар од Калифорнија шетајќи го кучето нашле ретки златни кованици вредни околу 10 милиони долари закопани до едно старо дрво.
Брачниот пар кои сакале да останат анонимни сега поседуваат 1400 кованици од чисто злато. Некои од тие монети се толку ретки што само една од нив би можела да достигне цифра од еден милион на аукција.
Среќниот брачен пар веќе неколку години живеат на имотот каде се најдени златните монети и немаат појма кој тука ги закопал, ни на кого припаѓале во минатото. Но со оглед на тоа дека земјиштето во моментов е нивно, нивни се и парите.
Поголемиот дел од монетите веќе ги продале, а дел задржале за себе како спомен за оваа неверојатна случка која за секогаш го сменила нивниот живот.