Кои се петте хороскопски знаци кои најлесно се вљубуваат?

popara26 јануари, 20151min00
7

Листата на петте најлесно заљубливи хороскопски знаци е следнава:

Број 1: Стрелец – Можеби се спонтани и индивидуалци, но ги сакаат долгите врски кои ги подигнуваат до небо. За момент, сакаат да побегнат од реалноста и да отпатуваат на некоја романтична дестинација. Вечно сонуваат по личност која ќе ги заведе и ќе ги заинтересира до крајот на животот.

Број 2: Бик – Обожава долги врски, но сака да влегува во кавги за работите во кои е цврсто уверен. Романтичен е и грижлив. Сè ќе даде само за да го задржи вниманието на саканата личност. Сака забава и авантури, но подготвен е да се „жртвува“ за љубовта на својот живот.

Број 3: Водолија – Можеби се ексцентрични, но се почувствителни отколку што сите мислат. Под креативниот оклоп се кријат личности кои сакаат да бидат сакани, чувани и разгалени. Колку и да звучи контрадикторно, Водолиите сакаат мирна врска.

Број 4: Рак – Зачудувачки, но Ракот не е првиот на оваа листа. Сепак, одлично се бакнува, добро изгледа и е една од најгрижливите личности во хороскопскиот знак. Сексот е нивно емотивно поврзување, а доколку стигнете до тој чекор со некој Рак – нема назад.

Број 5: Лав – Уште еден знак кој се очекуваше да биде на 12-то место, под сите, но и Лавовите знаат безусловно да сакаат. Страстен знак кој ужива во освојувањето, шармирањето и заљубувањето, само ретко кога признава. Ако не сте подготвени за врска, во никој случај не си поигрувајте со срцето на Лавот, затоа што тоа е покревко од што мислите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma