Оваа школа може да се мери со познатата гладијаторска касарна Лудус Магнус која се наоѓа во Рим, во близина на Колосеумот.
Тим на истражувачи, составен од археолози од Австрија, Белгија и Германија, истакнува дека „спектакуларното” откритие во Карнунтум е мапирано и виртуелно реконструирано со помош на снимки од воздух, електромагнетна индукција и георадар.
Добиените археолошки мапи и планови на градбите, улиците и римската инфраструктура овозможиле дводимензионална и тродимензионална виртуелна реконструкција на градот, истакнуваат археолозите чија студија е објавена во весникот „Antiquity”.
На ова наоѓалиште се раскопувало уште на крајот од 19. век, но школата за гладијатори е откриена дури во 2011 година.
Иако во Римското Царство постоеле околу 100 гладијаторски школи, речиси сите се срушени или на нивните темели се подигнати нови градби.
httpv://www.youtube.com/watch?v=j2VhCBAqwcw