Лекарите и понатаму се трудат да го разбудат легендарниот возач од кома.
– Михаил и понатаму е во фазата на будење која може да трае долго, вели неговата менаџерка.
Тип Азиз, еден од лекарите кои се грижат за Шумахер изјави дека мала е веројатноста тој да се опорави целосно од оваа несреќа.
– Фактот дека сеуште не е разбуден од кома говори дека повредата е навистина сериозна, вели тој.
Инаку, шумахер пред два месеца доживеа несреќа на Француските Алпи, за време на скијање. Му беа направени две операции, а за жал е во кома и не реагира на тестовите за рефлекси.