Верувам дека не треба да пробуваме да ги менуваме луѓето околу себе кога ќе сфатиме дека тие се промениле на начин кој не ни одговара.
Верувам дека без разлика на тоа колку некој ти е добар пријател, сепак ќе те повреди.
Верувам и дека е човечки да му простиме…
Верувам дека далечината не е причина за ладењето на односите со драгите луѓе. Срцата се оние кои се ладат.
Истото важи и за вистинската љубов.
Верувам дека само една погрешна одлука донесена во лош момент, може да ви предизвика болка за цел живот.
Верувам дека треба многу време за да станете личност каква што сакате.
Верувам дека сме одговорни за она што го правиме, а не за тоа како се чувствуваме.
Верувам дека колку и да е страсна или совршена врската на почетокот, со тек на време тоа избледува, па подобро е да има што да ги замени овие чувства.
Верувам дека херои се оние луѓе кои и кога ќе паднат многу пати, стануваат, ја тресат прашината и продолжуваат понатаму.
Верувм дека парите се вошлив начин на „задржување на резултатот“.
Верувам дека јас и мојот пријател можеме да правиме многу работи заедно или воопшто да не правиме ништо и при тоа да си поминуваме одлично.
Верувам дека оние од кои очекувате да ве згазат кога сте на дното, понекогаш се баш оние кои ќе ви подадат рака за помош.
Верувам дека е оправдано понекогаш да сме лути, но тоа не ни дава право да сме сурови.
Верувам дека ако некој не те сака на начин како што ти очекуваш, не значи дека не те сака на свој начин.
Верувам дека зрелоста повеќе се однесува на тоа какво искуство сме поминале и што сме научиле од истото, отколку со родендените и свеќичките на тортата.
Верувам дека многу е поважно да научиме да си простиме самите на себе, отколку да чекаме да ни простат.
Верувам дека без разлика на тоа колку е скршено вашето срце, светот не престанува да се движи само затоа што сте тажни.
Верувам дека околината може да има влијание врз нас, но исклучиво ние сме одговорни за тоа во каква личност се формираме.
Верувам дека само затоа што двајца се расправаат не значи дека не се сакаат или ако не се расправаат дека се сакаат.
Верувам дека не треба да инсистирате да дознаете некоја тајна, Тоа може да ви го измени животот засекогаш.
Верувам дека двајца може да гледаат во иста работа, а да видат нешто сосема поинакво.
Верувам дека вашиот живот може да се смени за неколку часа и тоа од луѓе кои не ги ни познаваш.
Верувам дека дури и кога срцето ви кажува дека повеќе не можете, ако пријател побара ваша помош – ќе најдете сила да помогнете.
Верувам дека дипломите кои ги имате не ве дефинираат каков човек сте.
Верувам дека луѓето кои се грижат за вас се суштината на животот. Кажете им денес дека ги сакате и колку ви значат.