Меган Симонс (28), мајка на 4 деца која се прослави како најубавата затвореничка, го тужи сајтот instantcheckmate.com поради неовластено користење нејзини фотографии од полициската датотека со цел да се стекне со материјална корист.
Иако извесно време уживаше во популарноста која ја стекна со помош на фотографијата од нејзиното апсење, сепак, се чини дека на Американката Меган Симонс и здодеаја комплиментите.
Имено, девојката која стана позната по надимакот „згодната затвореничка“, реши дека една интернет страница претера со употребата на нејзината фотографија.
Станува збор за страната Inmatecheck.com, која служи за проверка на криминалното минато на поединци, кои иако се јавно достапни, сепак спаѓаат во лична сопственост и за истите е потребна дозвола за користење.
Меган била уапсена во 2010-та година, поради возење под дејство на алкохол. Таа за фотографијата која и донесе бројни комплименти и голема интернет слава смета дека е ужасна, и дека има многу подобри од неа. Погледнете за што станува збор.