Ким Кардашијан е една од добитниците на неславното признание Златна малина, кое се доделува секоја година пред доделувањето она Оскарите за најлошите филмски реализации.
Ријалити ѕвездата е “наградена“ за најдобра споредна улога во филмот Temptation кој премиерно е прикажан минатиот април.
Најмногу Златни малини оваа година освои Филм 43, кој се состои од неколку кратки филмови, а во кој учествуваа некои од најголемите холивудски имиња како Хали Бери, Хју Џекмен, Кристен Бел, Џерард Батлер и Кејт Винслет.
Оваа комедија го освои и признанието за најлош филм, најлоша режија и најлошо сценарио. Филмот “После Земјата“ каде глумат таткото и синот, Вил и Џејден Смит исто така “триумфираше“ во неколку категории.