Даниел Кајмакоски повторно во суперлатив зборуваше за својот идол Тоше Проески. Даниел во интервјуто за една српска телевизија истакнал дека неговиот покоен колега бил голема ѕвезда и дека не заслужува медиумите да го споредуваат со него.
Никој не може да го замени Тоше. Тој е еден и единствен и е мојот идол од кого учев и чија музика постојано ја слушав. Мене би ми било чест да и го дадам на публиката она што Тоше можеше да го даде. Но не заслужувам да ме споредуваат со таква ѕвезда – бил искрен Кајмакоски.
Даниел утре ќе се обиде да се избори за влез во суперфинале кое е планирано за 23 март. Даниел на големо се подготвува за утрешниот лајв кој ќе биде последен по ред, а тема на вечерта ќе биде песна на менторот.
Во почетокот се двоумевме која песна да ја избереме, но после првата проба лесно одлучивме. Приватно ја сакам песната што ќе ја пеам, и ќе се потрудам публиката и мојот ментор да бидат задоволни. Подготвуваме одличен настап, ќе видите – најавува Кајмакоски.
httpv://www.youtube.com/watch?v=zi8p9BSEpk4
httpv://www.youtube.com/watch?v=J58asV6UBoE