Топли топчиња од компир полнети со кашкавал

popara4 март, 20141min00
8

Потребни состојки:

  • 700 гр компир, варени
  • половина јајце
  • 30 гр брашно
  • 125 гр чедар кашкавал
  • 2 парчиња млад кромид, исечкани ситно
  • 60 гр павлака
  • ½ лажиче сол
  • масло за готвење

Начин на подготовка:
1. Маслото ставете го во тава и убаво загрејте го.
2. Излупете ја лушпата од компирите и изрендајте ги на ренде.
3. Во компирите додадете ги останатите состојки и мешајте ги додека не добиете хомогена смеса.
4. Од смесата направете топчиња, наредете ги на плех за печење и оставете ги да се оладат во фрижидер, барем 10 минути. Откако ќе се оладат, пржете ги во маслото, додека не добијат кафена боја од сите страни. Оставете ги да се исцедат на хартиена крпа.
5. Послужете ги топли со малку павлака и младо кромидче како додаток.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *