
Интересно, но жално како во една фирма се перцепира однесувањето на мажот, а како на жената: 1. Семејната слика е на неговото биро. Тогаш тој сигурно…
…е одговорен семеен човек. Семејната слика е на нејзиното биро. Уффф, нејзиното семејство сигурно ќе ѝ биде поважно од кариерата.
Неговото биро е несредено.
– Тој сигурно работи многу напорно.
Нејзиното биро е несредено.
– Таа е многу неуредна и неорганизирана.
Тој зборува со неговите колеги.
– Сигурно разговараат за последната зделка.
Таа зборува со нејзините колеги.
– Сигурно оговараат.
Тој не е на неговото биро.
– Сигурно е на состанок.
Таа не е на нејзиното биро.
– Сигурно е во тоалет.
Тој не е во канцеларијата.
– Сигурно е на состанок со клиенти.
Таа не е во канцеларијата.
– Сигурно е излезена во шопинг.
Тој оди на ручек со шефот.
Одлично напредува.
Таа оди на ручек со шефот.
Сигурно се љубовници.
Ќе се жени.
– Ќе стане уште подобар човек.
Ќе се мажи.
– Ќе затрудни и ќе си оди.
Тој ќе има дете.
– Му треба покачување.
Таа ќе има дете.
– Ќе ја чини фирмата повеќе додека е на трудничко боледување.
Тој ќе оди на бизнис патување.
– Тоа е добро за неговата кариера.
Таа ќе оди на бизнис патување.
– Што вели нејзиниот сопруг за тоа?
Има ли вистина во ова?