
Ова се неколку мудри мисли, заклучоци, прашања без одговор (на кои можеби вие ќе одговорите).
- Една текила, две текили, три текили, патос.
- Атеизмот е не пророчка организација.
- Ако маж стои сред шума и збори, а наоколу нема ниту една жена да го чуе, дали тој се уште не е во право?
- Ако човекот еволуирал од мајмуни, зошто тогаш се уште постојат мајмуни?
- Главна причина зошто Дедо Мраз е толку среќен, е затоа што знае каде живеат сите неумни девојки.
- Можно ли е сите оние ликови што носат чаршаф преку глава на маскенбал, да не се преправаат дека се духови, туку дека се душеци?
- Дали има друг збор за синоним?
- Каде одат шумарите за да се “одморат од се”?
- Што треба да направиш кога ќе видиш како загрозено животно јаде загрозено растение?
- Ако желка нема оклоп, дали таа е бездомник или е само гола?
- Зошто овците не се стеснуваат кога врне?
- Една добра работа кај егоистите е што не зборат за други луѓе.
- Никогаш не ја потценувајте моќта на глупите луѓе во големи групи.
- Годините се многу висока цена за да се плати за зрелоста.
- Жените сакаат тивки мажи, бидејќи мислат дека ги слушаат.
- Дај му на човек риба и ќе го нахраниш за еден ден. Научи го човека да лови риба и тој ќе седи во чамец цел ден и ќе пие пиво.
- Ако работата е толку добра, зошто тогаш треба да ти платат за да ја работиш?
- Ако си пробал да не успееш и успееш, кое од овие две си го направил?