Што зборува вашата висина за вас?

popara4 март, 20141min00
3

Колку сме високи и како тоа влијае на нашите животи? Истото се запрашале и научниците и почнале да истражуваат.. Еве што откриле..

Ниските луѓе живеат подолго- Научниците ги анализирале животите на 500 мажи помеѓу 1866 и 1915 на Сардинија. Покажало дека мажите пониски од 162 cm во просек живееле две години повеќе од оние кои биле повисоки од 162 cm. Се смета дека причината е во тоа што ниските луѓе имаат мали оштетувања на DNK, поголема ефикасност на пумпање на срцето.. Исто така, други истражувања покажале дека и ниските жени живеат подолго.

Високите луѓе се поинтелигентни, но и побогати- Неколку спроведени истражувања покажале дека високите луѓе се поинтелигенти. Минатата година, истражувањето на научниците од Универзитетот во Сиднеј покажало дека интелигентните луѓе бираат повисоки партнери и обратно. Околку 20 000 луѓе учествувале во истражувањето, а откриено е дека високите луѓе во просек се и побогати.

Ниските луѓе не се толку амбициозни- Спрема истражувањето во Универзитетот St. Andrews i Stirling, ниските луѓе не се толку амбициозни, тие повеќе се ориентирани на основање семејство отколку на кариерата.

Кој има повеќе деца?– Високите луѓе се поинтелигентни, повеќе заработуваат и во просек имаат повеќе деца, а ниските мажи во просек се подобри сопрузи. Во текот на истражувањето, жените се изјасниле дека високите мажи се попривлечни за флерт, додека ниските мажи се попривлечни за долги врски и брак.