
45-Годишниот Чак Тарнер од сојузната држава Тексас бил тежок 320 килограми, а оваа абнормална тежина ја достигнал по трагедијата, кога била убиена неговата прва сопруга.
„Почнав да јадам брза храна дури три пати дневно”, вели Чак. Поради тежината сериозно му била нарушена здравствената состојба, и неговата лева нога била отечена.
Поради неговата тежина не можел повеќе да оди на работа. Поради дебелината имал проблеми дури и секојдневната промена на облеката. Откако ја направил операцијата на желудникот, успеал да ослабне неверојатни 190 килограми.
„Пред операцијата имав проблеми со дишењето и не можев да стојам на нозете. Секојдневните активности ми беа огромен проблем”, изјави Тарнер во интервјуто за TLC каналот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=HWLUl5G6XKg
httpv://www.youtube.com/watch?v=xmZMJP6alOc