Таблет vs. Компјутер

popara4 март, 20141min00
laptop-tablet

Најголемиот проблем на таблетите е што најголем број на продадени уреди се со екран од 8 инчи или помалку. Тоа значи дека повеќето од нив не може да се сметаат како замена на персонален компјутер. Всушност, кога ќе се разгледаат податоците и користењето на таблетите, тие најмногу се користат во ноќните часови, додека персоналните компјутери се многу поактивни во текот на денот.

Врз основа на податоците од компанија за анализирање на пазарот, познато е дека преку 90% од продадените таблети отишле во рацете на сопственици кои поседуваат и персонални компјутери, но истите признале дека ги користат како додаток на PC, а не како замена.

Од сето тоа може да се заклучи дека персоналните компјутери се незамелниви и се уште не е најдена соодветна замена за истите. Дали експанзијата на таблетите ќе има последица на продажбата на компјутерите, останува да видиме.