Лепа Брена: Не се срамам од моето муслиманско потекло!

popara5 март, 20141min00
2

Пред закажаниот концерт за 8ми Март во Карловац, Лепа Брена гостувала во една Хрватска телевизија, а на прашањето на водителката дали се срамела од муслиманското потекло и името Фахрета Јахиќ, популарната југословенска фолк ѕвезда одговорила:

Зошто би се срамела? Бев и останав тоа што сум. И денес сум Фахрета. Се гордеам со своите родители и со своите корени. Не сум се сменила, единствено поради мојата популарност се менуваа луѓето околу мене.