
Настасја Кински (52) ги отворила вратите на својот дом во Малибу. Раскошната вила е раскошна во буквалната смисла на зборот. Со право може да се каже дека актерката го живее американскиот сон.
Секој дел од домот на актерката позната по улогите во филмовите “Теса“, “Парис“, и “Толку блиску“, е внимателно осмислен.
Убавата актерка и мајка на две деца избрала различни стилови за ентериерот, богати детали, за некои можеби и премногу, но тоа бил нејзиниот избор.
Иако океанот и плажата се наоѓаат на неколку чекори од нејзината вила, актерката сакала да има свој базен, заобиколен со палми и антички статуи, кои очигледно се нејзин фаворит.




