
Комедиографот Фајн Брос на Јутјуб објавил клип каде на децата им ја покажале чудната и древна технологија – телефон со ротационен бројчаник. Децата на возраст од 5 до 13 години знаеле што е тој уред, поточно телефон, но нивното знаење завршува со тоа. Додека нивните татковци и дедовци и баби живееле со овие уреди, разочараните очи на децата биле зачудени бидејќи овој телефон не е никаква посебна технолошка направа според нив. Кога ги прашале како знаеле дека тоа е телефон, децата одговориле дека го виделе тоа во книгите по историја и во филмовите, а некои родители им го покажале овој уред. Како и да е, телефонот со ротирачки бројчаник на сите деца им бил шокантен.
httpv://www.youtube.com/watch?v=XkuirEweZvM