
Српската фолк пејачка Весна Змијанац уапсена со колегата Чемо, откако пејачот ја пречекорил дозволената брзина на автопатот кај Сремска Митровица.
Полициаецот кој ги следел пејачите, ја вклучил ротацијата, па Чемо бил принуден да го следи до полициската станица, се вели во српските медиуми.
Чемо потврдил дека е уапсен и дека е одведен кај судијата за прекршоци, каде морал да плати парична казна.
– Кога видоа дека сум црногорски државјанин, ме однесоа директно кај судијата за прекршоци каде морав да платам казна од 15.000 динари. Иако ја препознаа Весна Змијанац тоа не ми помогна. Што да речам, друг пат памет во глава – изјавил Чемо за медиумите.