
Откако Илма Карахмет го напушти Икс Фактор, малата пејачка упати клетви кон членката на жирито Емина Јаховиќ, чиј глас беше пресуден таа да си оди дома, а по жирито почна да плука и нејзиниот татко Џенан Карахмет.
“Ова е кражба. Шокиран сум поради неправдата. самите видовте. Илма не е исфрлена поради нејзиното пеење туку поради годините. Па зошто тогаш воопшто и одобрија да учествува? Како тоа има право да учествува ама нема право да оди во финале“- прашува Џенан.
Тој е особено лут на Кристина Ковач и Емина Јаховиќ кои рекоа дека за Маид ова бил последен воз, а за Илма допрва доаѓа времето и ја пратија дома.
-Ме разочараа нивните коментари затоа што беа за нејзините години а не за пеењето. Илма е победничка за мене-вели Џенан.
Овде погледнете како Илма изреагирала на коментарот на Фејсбук под статусот кој Емина Јаховиќ и го посветила:
