Дали вашиот хороскопски знак ве спречува да ја пронајдете љубовта?

popara16 февруари, 20151min00
8

Зошто секогаш сте сами? Не е невозможно некој да ве засака и сигурно еден ден ќе го пронајдете оној вистинскиот, но секој хороскопски знак има некои за него својствени проблеми и блокади поврзани со љубовните односи, кои можат да предизвикаат да бидете сами подолго отколку што би сакале.

Овен:

Самоуверена природа која ве привлекува како песна на почетокот на врската со Овенот, брзо почнува да ве нервира.Овенот мора да го смири своето его и да го промени ставот „прво јас“, поради повремени компромиси, ако сака врската да потрае.

Бик:

Немојте да мислите дека партнерот ќе ви биде верен, ако престанете да водите грижа за својот изглед или во будење на романтиката. Тврдоглавиот Бик исто така има тенденција да биде злопамтило и да дозволи огорчувањето да му расте, откако истата кавга постојано се повторува.

Близнаци:

Ако изневерувањето е дел од вашата врска, тоа може да значи дека особините на Близнаците проработиле во вас. Врската со нив може да биде збунувачка, ако Близнаците ја покажуваат својата природа премногу често, што може да доведе до тоа партнерот да побегне.

Рак:

Рак има тенденција во врската прерано да спомнува застрашувачки работи, како што се брак и деца. Како партнери, Раковите се наметливи, нивните партнери се чувствуваат загушено и повеќе сакаат да си одат отколку да останат во прегратката на љубовта.

Лав:

Лавот во хороскопот постојано се расправа со својот партнер, но затоа што му е важен. Збунетиот партнер може да се чувствува како Лавот постојано да започнува битка, што може да почне да заморува. Лавот може да остане сама, ако освојувањето на лични победи постане поважно од освојувањето на нечие срце.

Девица:

Тоа прекрасно суштество кое би сакале да ве покани на состанок, не ни помислува дека вие можеби сте заинтересирани, бидејќи Девиците се многу срамежливи. Девиците исто така пребрзо се откажуваат, а ако и најмала работа- вистинска или измислена- не тргне како што треба, никогаш нема да ви се јави.

Вага:

Љубовниот живот на една Вага може да биде катастрофа, ако ги избира партнерите кои се лоши и треба да се поправат.  Всушност, Вагите подсвесно бараат луже кои се лоѓи за нив и така паѓаат во стапица да станат манипулативни или неверни.

Шкорпија:

Занесениот, саркастичен хумор на Шкорпијата може да биде причина за раскинување. Шкорпијата мора да се однесува во стилот „се или ништо“ и со тоа да си отидат потенцијалните додворувачи. Некои Шкорпии имаат тенденција да го контролираат партнерот, што во нив предизвикува потреба да побегнат.

Стрелец:

Вашите стандарди да не се малку превисоки? Тогаш сигурно сте Стрелец. Секако дека заслужувате најдобро и дека не мора да се обврзете по секоја цена. Сепак, мислењето дека никој не е добар за вас, не е баш привлечно.

Јарец:

Јарецот може да биде повлечен, дури и љубоморен, додека не ја добиете неговата доверба. За жал, тоа бара доста време и упорност, Партнерот може лесно да се исфрустрира и да му здосади, пред да ја открие традиционалната вредност на Јарецот.

Водолија:

Водолијата е тврдоглава и не се обидува да ја прикрие својата немирна природа! Ова може да биде заводливо и слатко во почетокот на врската, но сталните расправии кои Водолијата ги предизвикува со време стануваат деструктивни,

Риби:

Дали сеуште патите поради бившата љубов? Тогаш веројатно сте Риби, чие самосожалување може да ја продолжува лошата врска. Рибите можат од почеток да ги избираат партнерите кои ги искористуваат, предизвикувајќи кај нив честа појава на осамен живот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma