
Откако ВИП клиентите имаа прилика во живо да го видат новиот McLaren 650S, сега и обичните смртници во Женева можат да уживаат во погледот на новиот суперспортист, како и Spider верзијата која, според официјални извори е побрз од легендарниод F1. 650S развива од 0-100 км за 3 секунди,додека до 200 постигнува за 8,4 секунди. Инаку и цената која е околу 237.000 евра, додека Spider верзијата е 260.000 евра. Моделот 650S го придвижува 3.8 литарски V8 битурбо мотор кој ослободува 650 коњски сили. Производството на овој модел, како и Spider верзијата ќе изнесува на 1200 примероци годишно.



