Чајот од ѓумбир се користи за ублажување на разни проблеми, а додатните состојки како што се медот, лимонот или портокалот можат да го подобрат вкусот на чајот, но и неговата лековитост.
Ублажување на мачнина
Една од најпрепознатливите предности на чајот од ѓумбир е токму ублажување на мачнината. Една шолја чај пред патување може да ја спречи мачнината и повраќањето. Чајот од ѓумбир е одличен и за бремените жени кои имаат проблеми со утринските мачнини. Без страв испијте шолја чај од ѓумбир, штом ќе ги почувствувате првите знаци на мачнина.
Го намалува нивото на стрес
Чајот од ѓумбир има делува смирувачки на телото и умот. Може да го намали нивото на стресот и да ја ублажи напнатоста. Само една шолја на чај може значително да го подобри расположението. Остава чувство на свежина и смиреност подолго време. Кога сте под стрес, немојте да посегнувате по нездрави форми на опуштање, туку испијте шолја чај од ѓумбир кој е докажано дека го намалува нивото на кортизон во телото.
Ја подобрува циркулацијата
Витамините, минералите и амино-киселините во ѓумбирот ќе ја подобрат циркулацијата на крвта и ќе го намалат ризикот од заболувања на срцето и крвниот систем. Исто така, ќе спречи формирање на наслаги во артериите и значително ќе го намали ризикот од срцев и мозочен удар.
Ги олеснува менструалните проблеми
Чајот од ѓумбир со кафен шеќер се користи во кинеската традиционална медицина за ублажување на менструалните грчеви. Жените кои страдаат од силни менструални грчеви, можат да користат топли облоги со чај од ѓумбир. Намокрете го пешкирот во топол чај и ставете го на стомакот. Набрзо ќе забележите како се опуштаат мускулите, а болката се намалува.
Го подобрува варењето
Чајот од ѓумбир значително ќе ја забрза работата на дигестивниот систем и ќе ја подобри апсорпцијата на хранливите материи. Исто така, ќе се намали надуеноста предизвикана од брзо јадење и прејадување. Чајот од ѓумбир ќе го регулира апетитот.
Ги ублажува мигрените
Ѓумбирот е многу ефикасен при ублажување на мигрената. Една шолја од чајот од ѓумбир значително ќе го намали хроничното воспаление, кое е водечки фактор на ризик од настанокот на мигрената.
Ги ублажува симптомите на артритис
Ѓумбирот има одлично против воспалително дејство, а топлите облоги од чај од ѓумбир ќе ги ублажи болките во зглобовите кои го предизвикуваат артритисот.
Ја зголемува плодноста
Ѓумбирот во древната кинеска медицина се користел како афродизијак. Исто така, се верува дека ја зголемува плодноста кај машките. Некои истражувања покажале дека секојдневната консумација на ѓумбирот ја зголемува концентрацијата на сперматозоиди и помага при еректилна дисфункција.
Спремање на чај од ѓумбир
Купете свеж, цел корен на ѓумбир. Коренот може да се најде во големите маркети. Во едно тенџере нека зоврие водата, а коренот од ѓумбир излупете го и исечете на ситни кругови. Откако ќе зоврие водата, ставете ги деловите од ѓумбир и оставете ги нека се варат околу 15-20 минути. Потоа тргнете го тенџерето на страна и покријте го со капак. Оставете да стои уште 15 минути, а потоа процедете го чајот.
Најдобро е чајот да го пиете без било какви додатоци. Доколку тоа не ви одговара можете да додадете мед и лимон.
Состојки: 4 шолји вода, едно корен ѓумбир со големина околу 5 см, мед и лимон по желба.