Samsung ги помести границите и прометите се уште поголеми во однос на нивниот паметен часовник Galaxy Gear. Новиот модел е потенок и полесен од првичниот, но можеби уште поголемата е тоа што ќе работи на Tizen OS, а не како досега на Android со што го губи делот Galaxy од името.
Новиот Samsung Gear 2 ќе го има истиот 1,63 инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 320 * 320 пиксели, а промената ќе се однесува на процесорот кој од двојадрен на 800 MHz преминува на 1GHz. Внатрешната меморија и РАМ меморијата остануваат исти како и првиот модел, а батеријата од 315 милиампери е намалена на 300 милиампери, што можеби загрижува како и првиот модел. Но остануваме оптимисти затоа што Tizen OS се очекува да биде енергетски поефикасен во однос на Android.