Камилица и нане: Најефикасен лек за стомачни мачнини

popara16 февруари, 20151min00
3

Исхраната во зима која е богата со многу тешки и масни јадења го оптеретува  дигестивниот систем и создава тешкотии кои можат да се отстранат со консумирање на чаеви од лековити билки.

Свежото овошје и зеленчукот, житарките, содржат влакна неопходни за функционирање на целиот дигестивен систем, посебно на цревата. Исхраната исто така треба да има одреден ритам, па не се препорачува прескокнување на оброците,

Бидејќи организмот најпрвин ги користи резервите на вода, потоа започнува разградувањето на мускулната маса и дури на крај се разложуваат мастите. Исто така не се препорачува ни големо количество на храна, бидејќи така многу ќе се оптерети желудникот и ќе се поттикне создавањето на масните наслаги.

Храната не треба да биде ниту премногу топла, ниту ладна бидејќи тоа го иритира дигестивниот систем. Месото, особено мрсното и соленото, најмногу ги оптеретува органите за варење и една е од главните причини за зголемен холестерол во крвта. Треба да ги избегнувате слатките, посебно кексот и сувите колачи, бидејќи предизвикуваат многу големо лачење на желудочна киселина.

Стомачните проблеми можат да се намалат со чај од камилица, од нане или од маточина, кој ќе го пиете по неколку голтки во текот на денот.

За да се олесни стомакот оптеретен со тешка храна, добро е после јадење да се изеде овошна салата со ананас и папаја. Помага и чај од ајдучка трева, кој треба да се прелие со зовриена вода и да се пие додека е топол.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma