Во ревијалниот дел на Икс Фактор публиката уживаше со хитовите на бендот Парни Ваљак, кои специјано за оваа прилика допатуваа од Загреб во Белград. После сјајниот настап на легендарниот хрватски бенд, финалистите посакале да се запознаат со ѕвездите.
Аки ги охрабрил да продолжат да се борат за својот сон, а потоа признал дека има фаворит.
Мојот фаворит е мојот Македонец Даниел Кајмакоски! Сјаен вокал, имаа емоција додека пее и одличен однос со публиката. Не дека и другите не се добри – изјавил Рахимовски.
Даниел е воодушевен од подршката која ја добива од познатите личности:
Чувството кога ќе ве подржи некој кој веќе има изградено име не може да се опише. Големо благодарам за Аки – изјавил скромно Кајмакоски.
После последниот настап Даниел не беше задоволен од себе си и бил тажен, но во тој момент зад сцена се појавило тригодишно девојче заедно со родителите, кои го замолиле да се фотографира со неа, а таа му рекла: Немој да бидеш тажен, ти за мене си најдобриот! – што предизвикало неверојатна емоција кај Кајмакоски.
httpv://www.youtube.com/watch?v=dzqsDOZilB4