Близнаците ги имаат највеселите очи во Зодијакот, Девицата плени со нежните црти, Јарците се елегантни, но кој е најубавиот?

popara11 ноември, 20141min00
18

Секој хороскопски знак си има своја убавина…Дознајте кои се вашите најмоќни адути и добро искористете ги…

Овен – снажно тело и изразени црти на лицето

Со средна до цврста градба, припадниците на овој знак се обично спортски градени, а нивните мускули се видливи дури и кога имаат вишок килограми. Најчесто имаат потемен тен, права и густа коса, а некои претставници имаат и црвена коса. Со нивниот изглед оставаат впечаток на енергични и снажни личности. Овните не се склони кон гоење. Најчесто се облекуваат опуштено и спортски, а кога треба да облечат свечена облека за некоја прилика, преферираат црвена боја.

Бик – симетрично лице и полни усни

Физички гледано, припадниците на овој знак имаат најправилно симетрично лице. Повеќето од нив имаат полни усни и сјаен тен. Телото им е обично пропорционално градено, па ако се здебелат, се пополнуваат насекаде по малку. Нивниот изглед оддава впечаток на мека, но истовремено силна личност. Биковите се облекуваат елегантно, а најдобро им стојат зелена и крем боја.

Близнаци – весели очи и насмеано лице

Припадниците на овој знак се секогаш во движење. Лицето им е многу експресивно, секогаш делуваат полни си млад дух, а очите им се доста изразени. Најчесто имаат прилично долги раце и нозе, витко тело и висока градба, поради што делуваат грациозно, и покрај тоа што немаат истакнати мускули. Струкот најчесто не им е многу изразен. Лесно се пронаоѓаат во различни стилови на облекување, а омилени бои им се жолта и сребрена.

Рак – изразен нос и високо чело

Припадниците на овој знак обично имаат кружно лице со истакнати јаготки, но и впечатлив нос кој не мора да значи дека е голем, туку со малку необичен облик. Брадата им е кружна, градниот кош широк, а косата темна и не многу густа. Иако се младолики и витки, голем број од нив почнуваат да се гојат после 30-тата година од животот. Вратот им е краток и најчесто имаат чувствителна кожа. Целиот нивен изглед оддава впечаток на мека и суптилна личност, а омилени бои им се црната и белата.

Лав – широко чело и густа коса

Родените во знакот лав лесно се препознаваат по „гривата“. Густата и сјајна коса им е заштитен симбол, а ако почне да им опаѓа или белее стануваат многу загрижени. Нив ги краси широко чело, широка вилица и убаво обликуван нос. Мускулатурата им е изразено силна, а омилени бои им се жолтата и портокаловата. Сакаат тренди облека.

Девица – витка градба и нежни црти

Машките и женските припадници на овој знак се прилично витки, а доколку почнат да ја зголемуваат својата маса, обично се им се собира во рацете и стомакот. Телото им е симетрично, а на лицето имаат убави, нежни црти. Имаат истакнати јаготки и веѓи, а најчесто одбираат неутрални и елегантни комбинации на облека, кои се ненападни. Омилени бои им се сината и зелената.

Вага – овално и шармантно лице

Припадниците на овој знак најчесто имаат овално лице со правилни црти. Најчесто се повисоки од просекот, изгледаат софистицирано и имаат впечатлива боја на очи. Долниот дел од телото им е појак од горниот, а градниот кош и струкот потесни. Обожаваат да се дотеруваат и да го истакнуваат својот изглед, а омилени бои им се сината и црвената.

Скорпија – широки рамена и магнетски очи

Тие имаат прилично цврста физичка конструкција, па дури и кога се многу слаби делуваат силно. Имаат пошироки рамена од повеќето луѓе, лицето им е впечатливо, со сензуални усни, продорни очи и неправилен нос. Косата најчесто им е густа и со боја на лешник. Сакаат да изгледаат убаво, но не сакаат ништо што е нападно. Омилени бои им се црвената и црната.

Стрелец – најдобра фигура во целиот зодијак

Најчесто имаат просечна или нешто малку надпросечна висина и се спортски градени, состојба која можат самите да си ја уништат со претерано уживање и јадење. Најчесто имаат долгнавесто лице, заоблено чело и изразени сини или зелени очи. Кај нив често се случува да имаат проблем со опаѓање на косата. Сакаат спортски и опуштен изглед, а омилени им се светлите бои.

Јарец – елегантен и долг врат и ковчести рамена

Иако изгледот на припадниците на овој знак делува помалку неутрално, сепак тие се издвојуваат по тоа што се прилично ковчести. Најчесто се ниски или со средна висина, а очите им се големи и изразени. Лицето им е заоблено, со вовлечена брада, впечатливи заби и убава насмевка. Сакаат убава облека, но не и вулгарен изглед. Најдраги бои им се зелената и костенливата.

Водолија – средна висина и склоност кон дебелеење

Припадниците на овој знак најчесто се со средна висина или нешто под просекот, имаат полно лице и светол тен. Килограмите им се голем проблем по триесеттата година. Имаат мали дланки и стапала, но прекрасни нозе. Имаат убави очи и големи, меки усни. За нив облеката не игра некоја голема улога, а омилени бои им се виолетовата и сината.

Риби – привлечни, со убава кожа

Одличен тен, мека кожа и убави црти на лицето ги красат припадниците на овој знак. Лицето најчесто им е заоблено или овално, а косата јака и густа. Горниот дел од телото им е обично потенок од долниот, кој им е заоблен и широк. Очите им се најубав дел на рибите, имаат широка и срдечна насмевка на која ретко кој останува рамнодушен. Омилени бои им се зелената и црвената.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma