Загатка за интелигентни: Четворицата мажи со капи

popara30 август, 20151min00
6

На сликата се прикажани четворица мажи кои се закопани до врат во земја. Не можат да се движат, што значи дека можат да гледаат само пред себе. Помеѓу А и B има дебел непровиден ѕид. Сите знаат дека носат 2 бели и 2 црни капи, но не знаат кој каква носи. Секој од нив знае дека се закопани уште тројца луѓе.

Загатка: Четворица мажи со капи

За да не бидат убиени, еден од нив мора да го повика џелатот и да му ја каже бојата на капата која ја носи. Ако тој погреши, сите ќе бидат убиени. Не им е дозволено да зборуваат меѓусебно. После 1 минута во тишина, еден од нив ја извикува бојата на својата капа. Кој и како е сигурен?

Напомена: не се работи за трик прашање. Не постојат други влијанија ниту начини на комуникација. A и B може да си ја видат само својата репрезентација во ѕидот пред нив, C го гледа B, а D ги гледа и B и C.

Одговорот е?

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag