Кој хороскопски знак има најмногу среќа?

popara30 август, 20151min00
2

Многу елементи влијаат на среќата. Среќата е да ја препознаете вистинската работа во вистинско време и да ја зграпчите шансата. Астрологијата често може да влијае врз вашата среќа.

Еве што вели вашиот хороскопски знак.

Овен

Овните обично со помош на својот младешки дух знаат кога треба да “скокнат“ во ладна вода и храбро да бидат први во нешто што води до успех и среќа.

Бик

За да бидат среќни, на Биковите им треба добра организација и можност полека да го кројат својот пат без големи скокови. За нив најголема среќа може да биде изградбата на преубав дворец од песок кој нема да го сруши ниту еден морски талас.

Близнаци

За Близнаците несреќа е кога им е досадно, а среќа може да биде се останато. Проекти, размена на идеи и посебни вештини и интерес на “големите“ за нив, ги прави среќни.

Рак

Раковите наоѓаат задоволство во спомените. Во сеќавање им остануваат луѓето кои им значеле многу и кои поминале низ нивниот живот.

Лав

Лавовите среќа доживуваат во сјајот, гламурот и значајните моменти. Тие црпат енергија од овие возвишени ситуации кои ги прават среќни.

Девица

Се чувствуваат среќни кога знаат дека се потребни и неопходни некому. Нивна желба е да придонесат за подобар свет, па среќни се кога помагаат.

Вага

Вагите среќа наоѓаат во балансот, општата хармонија и не сакаат никој да ги вознемирува. Тие веруваат дека секој има своја мисија која може да влијае на општата среќа или хаос.

Скорпија

Скорпиите често гледаат среќа во победата. Животот за нив е боречка арена, и секоја ситуација во која се впуштаат е предизвик – да се победи со сила, вештина или љубов.

Стрелец

Стрелецот ја доживува среќата како чиста, едноставна работа како што е тапкање по рамото, насмевка на поминување, добра шега или вкусна храна. Тие знаат да се радуваат на мали н ешта. Среќа за нив е да ги бодрат другите или другите да ги бодрат нив. Таа нивна спортска дисциплина е прилично заразна, па не е ни чудно што другите се чувствуваат среќно во нивно друштво.

Јарец

Јарците најголема среќа наоѓаат во верноста кон другите. Често пати тие се среќни, а не се свесни за тоа. Јарците се вистински приврзаници на среќата. Кога прават некого среќен нивното срце е исполнето.

Водолија

За Водолиите среќа е да се биде индивидуалец. Да ги прави работите на сопствен карактеристичен начин, без стеги и притисок од страна, да ја следи својата визија…

Риби

Рибите среќа пронаоѓаат во сништата и мистериите. Но, нивната среќа не е комплетна ако нивниот живот нема поголема смисла, а тоа е – да им помогнат на другите во неволја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag