Љубомората е признание што просечните им го даваат на генијалците

popara16 ноември, 20141min00
5

„Љубовта е состојба во која среќата на друга личност е од суштинско значење за твојата… Љубомората е болест, љубовта е здравје. Незрелиот ум често ги меша или смета дека колку е поголема љубовта, толку е поголема и љубомората.“ – Роберт Хајнлајн

„Љубомората е, ми се чини, најлошата од сите маани затоа што прави жртви од двете страни.“ – Џин Тирни

„Љубомората е признание што просечните им го даваат на генијалците.“ – Фултон Шин

„Љубомората содржи повеќе самољубие отколку љубов.“ – Франсоа де ла Рошфуко

„Љубомората е сета онаа забава која мислите дека другите ја имаат.“ – Ерика Јонг

„Љубоморните се опседнати од луд ѓавол и слаб дух истовремено.“ – Јохан Каспар Лаватер

„Не е љубовта слепа, туку љубомората.“ – Лоренс Дурел

„Љубомора, тој змеј кој ја убива љубовта преправајќи се дека ја штити.“ – Хавлок Елис

„Способна и самоуверена личност не може да биде љубоморна за нешто. Љубомората без исклучок е знак на невротична несигурност.“ – Роберт Хајнлајн

„Љубомората не е ништо повеќе од чувство на осаменост наспроти насмеаните непријатели.“ – Елизабет Боуен

„Љубоморните се проблем за другите, но измачување за себе.“ – Вилијам Пен

„Љубовниците можат да бидат и генерално се непријатели, тие никогаш не можат да бидат пријатели, затоа што секогаш мора да има искра на љубомора и дел од своето Јас во сите нивни размислувања.“ – Џорџ Бајрон

„Така го поминав животот. Не паметам дека некогаш сум бил особено љубоморен некому, затоа што сфатив дек ако не можам да успеам во нешто, тогаш не го ни заслужувам.“ – Клајд Томбо

„Не ги сфаќам љубоморните луѓе. Љубомората е само губење време, затоа што ако си љубоморен некому, а тој си ги живее животот и си поминува убаво, во што е тогаш поентата?“ – Џој Бехар

„Природата работи. Карактерот и судбината се нејзини алатки. Таа ни дава љубов и омраза, љубомора и почитување. Ние ја имаме само моќта да одлучиме кој импулс ќе го следиме.“ – Дејвид Сибери

„Љубомората… е рак на духот.“ – Б.С. Форбс

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma