Емина Јаховиќ проговори за долговите на мажот и клетвите од Илма!

popara8 март, 20141min00
emina-jahovic-1383779319-393425

Според неа, некој сака да му наштети на најзиниот сопруг и на неговата работа, па за српската емисијата „Ексклузив” Емина изјави: „Имаме проблем со некои турски пирати, но сето тоа ќе го решиме со адвокатите на Мустафа.” Сепак, овие проблеми со законот не и пречат на убавата пејачка која кај нас стана популарна со нејзиното учество како ментор во „Икс фактор”, да продолжи со нејзините работни проекти, па така наскоро ќе го престави и нејзиниот нов парфем. „Ова е мојот прв парфем, па затоа се одлучив да биде универзален, и за ден и за ноќ”, изјави сексапилната пејачката. Инаку, Емина е разочарана од клетвата на малата Илма Карахмет и тоа отворено го призна на нејзиниот Фејсбук профил. Таа кога ја виде пораката на Илма во која и вели „Ти благодарам Емина, имаш и ти свои деца и да даде Господ да ги направиш среќни како што ти мене ме направи “, напиша статус во кој порача дека е разочарана од нејзината пострапка. Ова предизвика лавина коментари кои исто така го осудија испадот на малата Илма.