
Чувствуваат емпатија
Кучињата можат да почувствуваат како е расположен нивниот сопственик не по неговите постапки, туку преку читање од неговото лице. Имено, луѓето секогаш ги изразуваат емоциите преку лицето, и тоа од десната страна, така што секогаш кога гледаме во нечие лице, несвесно се фокусираме на десната страна барајќи одредени информации. Покрај нас луѓето, тоа го прават уште некои видови мајмуни и кучињата, што им дава можност да погодат што се случува со нивниот сопственик. Исто така, постои уште еден интересен начин на кој кучињата можат да „сочувствуваат“ со луѓето, а тоа е „заразата“ со прозевањето.
Знаат дека нашиот видик е поинаков од нивниот
При еден експеримент научниците поставиле човек на едната страна од собата, куче на другата, а во средина две играчки. Човекот можел да види само една од играчките затоа што пред едната имало проѕирна, а пред другата непроѕирна преграда. Кучето можело да ги види и двете. Кога му било кажано да му однесе на човекот една од играчките, без да му се каже која од нив, тоа секогаш ја бирало играчката која човекот можел да ја види. Кога преградите биле тргнати, ја носел онаа која тоа ќе посакало. Кучињата знаат што гледаме. Затоа, на пример, ако на масата има чинија со храна тие не ја чепкаат додека сме тука, но ако се свртиме веднаш ја напаѓаат.
Знаат дека ние знаеме нешта кои тие не ги знаат
Кучињата можат да „намирисаат“ дека луѓето се поинтелигентни од нив и затоа им веруваат. Кога им било дадено да изберат помеѓу мала чинија со храна која ја јадат нивните сопственици и голема чинија полна со храна која луѓето не ја јадат, тие се одлучиле за првата опција.
Го разбираат покажувањето со прст
Кучињата знаат дека знаеме работи кои тие не ги знаат, знаат и кога гледаме поинаку од нив, па затоа добро го разбираат и покажувањето со прст. Едноставно, веруваат дека за нив е добро да послушаат во таква ситуација и затоа се вртат таму каде што ќе им се покаже. Дури и да не им се покаже јасно, ако човекот е фокусиран со погледот на одреден објект, тие знаат дека тој е заинтересиран за него.
Знаат кога не им давате фер третман
Научниците направиле експеримент со две кучиња кои успешно изведувале еден ист трик. По секој успех, едното од нив било наградувано, а другото не. По некое време второто престанало со изведбите и почнало да покажува знаци на вознемиреност. Истото може да се случи и кога сопственикот ќе покаже емоции кон друго куче во присуство на своето. Не се работи за љубомора, затоа што кучињата не можат да го почувствуваат тоа, но знаат кога не добиваат фер третман.