Зошто е подобро да се биде песимист?

popara10 март, 20141min00
18

1. Доколку некој ве извиси, ОК ви е бидејќи и онака немавте некои преголеми очекувања од таа личност.
2. Доколку некој се однесува грубо со вас, веднаш му го давате спремното превртување со очи, бидејќи сте имале доволно време во животот за да го усовршите изразувањето на вашето разочарување.
3. Исто така, нема да се шокирате доколку некој остро ве критикува или ви даде саркастична забелешка.

4. Знаете дека ако ги земете предвид сите работи кои би можеле да тргнат наопаку, ќе бидете повеќе подготвени доколку тоа навистина се случи.

5. Едно истражување дури сугерира дека песимистите всушност се соочуваат со помал ризик од појава на попречености и смрт, во однос на оптимистите. Според истражувањето, предвидувањето на мрачна иднина, помага во преземањето претпазливи мерки.

6. Плус, песимистите се повеќе подготвени за соочување со тешки настани, како што се природните катастрофи.

7. Кога работите ќе тргнат во лош правец, песимистот знае во кој момент треба да се откаже, наместо да се заглавува уште подлабоко, планирајќи некакви невозможни решенија.

8. Реалистични сте и знаете дека едноставно, животот понекогаш не е баш убав.

9. Од друга страна, кога сè е супер, вие сте неверојатно возбудени бидејќи тотално не сте го очекувале тоа.

10. Исто така, кога вашите пријатели се тажни, знаат дека нема да ви пречи доколку ви се пожалат колку им е тешко.

11. Интересно е што постојат толку многу книги, филмови и уметнички дела за песимизмот и тешкотиите во животот, кои нудат одлични совети и поинакви перспективи за справување со сите видови катастрофи.

12. Кога сè е црно, сепак знаете да уживате во малите нешта, како сркање цела кутија со сладолед или јадење 300 грама чоколадо.

13. Кога нешто убаво се случува, песимистот ќе го цени тоа повеќе од кој било друг, бидејќи е свесен дека е невозможно целосно да се ужива во убавините на животот, без да се препознаат неговите падови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *