Совршеното женско тело низ погледот на мажите

popara10 март, 20141min00
???????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Едно истражување покажало дека идеалната жена треба да има стомак како на Ријана, а бутови и бедра како на Кели Брук. Иако станува збор за вкус, сепак едно истражување покажало дека кога станува збор за женската убавина, мажите се согласуваат за некои работи. Според добиените податоци за деловите од женското тело кои ги привлекуваат мажите, на прво место се наоѓа беспрекорниот стомак.

Стомак

Дури 33% од машките испитаници како пример за беспрекорен стомак ја навеле пејачката Ријана, додека многу блиску до првото место била и Гвен Стефани.

Бедра

На второ место се наоѓаат заоблените бедра, а за овој дел од женското тело гласале 25% од испитаниците. Како пример ја навеле Кели Брук, чија фигура неретко ги краси рекламите за долна облека и костими за капење.

Бутови

За цврсти бутови гласале 11%. Ниту еден од испитаниците не се одлучил за витка линија како на манекенките, туку за заоблена фигура која ја истакнува женственоста.

А какво е совршеното машко тело?

Ниту жените не останале должни кога станува збор за привлечноста на машкото тело. Имено, дури 51% од женските испитаници одговориле дека предност му даваат на атлетски граденото тело, а само 10% на нежно манекенско тело.

Прво што забележуваат се беспрекорните стомачни мускули, а второ силните машки раце.

Кога станува збор за спортистите, 24% одговориле дека најубаво тело имаат атлетичарите, 16% пливачите, 11% велосипедистите, а нешто помалку од 10% фудбалерите.