
Овие карти потекнуваат од еден древен систем сличен на Тарот и нивната главна цел била да укажат на некои карактерни црти на личноста.
Секоја карта претставува нечиј роденден и раскажува своја приказна.
Според денот и месецот на раѓање пронајдете ја својата карта и проверете дали ќе се пронајдете себеси во она што го кажуваат ѕвездите за вас.




Овој знак укажува на чувствителна, емоционална, сензуална личност која знае да даде поддршка и љубов и искрено се грижи за другите. Срцето се поврзува и со младоста, романтиката, креативноста, сензуалноста, само-уживањето и задоволството. Лицата родени во овој знак честопати се водени од своите емоции, па понекогаш емоциите владеат со нив наместо обратно.
Овие личности се љубопитни, комуникативни и креативни. Веруваат во моќта на своите идеи. Секогаш трагаат по вистината и смислата на нештата, ги контролираат своите емоции и не знаат за злоба. Овие лица честопати наоѓаат оправдување за однесувањето на другите и многу ретко ги осудуваат нивните постапки.
Лицата родени во овој знак се многу практични, склони кон аналитичност, лица кои цврсто стојат на земјата и на нештата гледаат со сите свои сетила. Нивната практичност им дава можеби малку негативен поглед на луѓето, предметите и дејствијата кои ги опкружуваат, бидејќи на сè околу себе гледаат низ призмата на практичноста, односно нештата ги ценат според тоа дали и колку може да ги применат во својот живот.
Паметни, вистински хуманитарци, вредни луѓе со силна волја, склони кон желбата за моќ. Лицата родени во овој знак покажуваат силна самодисциплина и имаат голема способност таа дисциплина да ја применат во секојдневниот живот, но понекогаш премногу се фокусираат на тој процес што малку се оддалечуваат од вистинските вредности на животот.