
Семјуел Ли (22) од Есекс мора да плати 500 фунти затоа што ја испрскал Деби Паг и нејзините деца, кога со автомобилот поминал низ длабока бара. Целиот инцидент го забележал еден полицаец, кој изјавил дека децата вриштеле кога човекот ги испрскал. На младиот возач покрај казната, му била одземена и возачката дозвола.
Жената исто така мисли дека оваа казна е престрога.
Сигурно сакале од него да направат пример, но мислам дека казната е престрога – изјавила Паг.
Полицаецот кој присуствувал на настанот вели дека човекот возел многу брзо и дека иако ја забележал барата, немал намера да успори или да ја избегне.