
Некои сонуваат за богатството што тој го има, а Тони Хавкен одлучил дека повеќе не сака да биде богат. Бившиот професор по математика се разведува од сопругата Хиу Ли, богата бизнисменка, бидејќи повеќе не ги сака парите.
Откако неговата сопруга се збогатила со неколку успешни инвестиции, таа наводно веднаш се прилагодила на луксизниот живот и пиење шампањ од 900 долари на јахта, но за Тони тоа било премногу и никако не можел да се вклопи во таквиот начин на живот.
Ми беше непријатно бидејќи тоа не е мој стил, не сакам да трошам пари, така сум воспитан. До неодамна не бев богат човек. Бев внимателен со парите – вели Тони.
Сега се разведува од Хиу и заминува од бракот со милион фунти. Тоа ми е доволно бидејќи не сакам екстравагантен живот – признава Тони.
Неговата сопруга денес е сопственик на 22 трговски центри, а Тони вели дека сака што побрзо да се разведе.
Благодарение на милионот фунти што ќе го добие после разводот, Тони повеќе не мора да работи, но одлучил безплатно да дава часови по математика на сиромашни деца.