
Жена Овен: Родена лидерка
Припадничките на овој знак ги краси убава кожа, длабоко всадени и истакнати очи, како и јаболкца на лицето. Нивното мото е: придвижи се“, а познати се по својот ентузијазам и желба за акција. Често се „предводнички на стадото“, се залагаат за правата на другите и харизматични се. Во меѓучовечките односи се страсни, па другите или ги сакаат, или ги мразат. Мана им е што не се тактични, па подобро е да им се тргнете од патот кога ќе имаат „жолта минута“. Можат да изненадат со љубомора и посесивност, но имаат искрено и добро срце.
Жена Бик: Упорна и силна
Тркалезно лице со топол израз, големи тркалезни очи и добра фигура се најчестиот опис за жените родени во овој знак. Нивното мото е: „тивка река, брег рони“, а под овој пријатен и пристоен оклоп се крие силен темперамент. Познати се по својата упорност, а во животните кризи покажуваат неверојатна издржливост и сила. Мана им е што во силната желба за сигурност и сите да бидат добри, самите можат да пропуштат многу спонтани уживања, а понекогаш можат да бидат и вистински „конзерви“.
Жена Близнаци: Сите ја сакаат
Тие се обично повисоки од просекот, имаат тесни и тркалезни лица, тенок нос и високо поставени јаболкца. Ако долго не сте ја виделе, голема е веројатноста сосема да го променила својот изглед, зашто тоа често го прават. Интелигентни се и обожаваат да расправаат за се’. Исклучително се љубопитни, а во друштво се забавни. Недостаток им е што започнуваат многу работи одеднаш, а ретко нешто завршуваат и можат да бидат многу површни. Не поднесуваат здодевност и тогаш ќе направат се’, вклучувајќи и екстремни акции за да „живнат“. Во работата се мудри.
Жена Рак: Интуитивна и грижлива
Тркалезно лице, полни усни, очи со истакната боја и заоблена фигура се карактеристики на припадничките на овој знак. Тие се мудри, чувствителни и страсни. Многу се импулсивни и интуитивни, но со оние што им значат се исклучително грижливи, топли и нежни. Тие се одлични готвачки и добро владеат со финансиите. За недостаток може да им се смета тоа што се пречувствителни, особено на критика и често песимистични. Потребно им е да често да им се говори дека се сакани, за да можат успешно да се носат со животните предизвици.
Жена Лав: Шармантна
Косата е препознатлив белег на припадничките на овој знак, а често ги красат и привлечни гради, тркалезно лице и големи очи. За да можат да живеат, потребни им се внимание, почитување и восхит. Понекогаш можат да бидат арогантни, горделиви и драматични, но сето тоа брзо ќе го заборавите покрај нивниот вроден шарм и топлината со која зрачат. Не се трудат да ги импресионираат другите, не трчаат по пари, но сакаат да бидат опкружени со убави работи. Интелигентни се и креативни, а мана им е суетата. Критика никако не поднесуваат.
Жена Девица: Интелигентна
Вити и со впечатлив, нежен изглед, Девиците ги одликува тркалезен облик на лицето, убаво обликувана уста и долг врат. Жените родени во овој знак се многу шармантни и обдарени со говорнички талент. Одлично ги проценуваат луѓето и точно знаат како кому да му пристапат. На сите што ќе ги пуштат близу до себе, ќе се обидат да им „коригираат“ во однесувањето. По својата природа се критичарки, имаат рутина до која се придржуваат и план за секој ден. И покрај се’, способни се многу да простуваат. Мана им е што понекогаш се премногу егоистични и користољубиви.
Жена Терезија: Природен магнет
Убава насмевка, елегантни раце, долг врат, добра фигура и елегантни движења ги красат припадничките на овој знак. Имаат изразена дарба за комуникација, рационални се и природно привлекуваат се’ околу себе. Многу им е важно да бидат сакани, а по можност партнерот повеќе да ги сака нив, за да се чувствуваат сигурно и надмоќно. Можат да бидат големи кокети, а како пријателки и членови на семејството, многу се посветени. Недостаток им е што се разгалени, каприциозни и можат д а бидат многу егоцентрични.
Жена Скорпија: Бестрашна
Силни коски, високо чело и изразена вилица, но и магнетизирачки поглед се вистинскиот опис на овие заводливи припаднички на Зодијакот. Иако се многу верни и доверливи, се плашат од блискост и интимност, па тешко се отвораат пред другите. Зрачат со силна самодоверба, а во животните предизвици се бестрашни и оптимисти. Недостаток им е што сакаат да ги контролираат другите, па покажуваат и љубомора. Но тоа го прават како начин за изразување љубов. Таинствени се, па понекогаш е тешко да се одгатне што воопшто мислат.
Жена Стрелец: Полна со енергија
Силно и долгнавесто лице, силни коски, но и нешто необично во нивниот изглед ги краси жените родени во знакот на Стрелец. Иако не се класични убавици, токму по некоја мана ги прави посебни. Имаат голем апетит за животот, како и неограничени резерви енергија, кои се главни адути на нивниот карактер. Независни се и интелигентни, обожаваат слобода, а во одлучувањето често превладуваат чувствата пред разумот. Љубопитни се и најмногу од се’ ја ценат вистината. Најголема мана им се склоноста кон „солење памет“ и пресметливо однесување.
Жена Јарец: Посветена
Убава кожа и елегантен врат, како и витки екстремитети се типични за припадничките на овој знак. Изразот на лицето им е најчесто сериозен. Исклучително се посветени, тврдоглави и амбициозни. Овие жени се бестрашни во остварувањето на своите цели. Способни се да сторат се’ за семејството и за оние луѓе што ја оправдале нивната доверба. Интелигенцијата и практичноста на дамите од знакот Јарец доаѓаат до израз во работата. Недостаток им е што умеат толку добро да ги скријат сопствените чувства, што често се збунуваат и себеси, а инсистираат дека проблемот никогаш не е во нив.
Жена Водолија: Пријателка
Жените родени во овој знак често може да се опишат како згодни, со живописни очи и посебен моден стил. Тие се големи пријатели, хумани и сакаат друштво. Интелигентни се, женствени и нежни, но не на типичен начин. Не сакаат да се однесуваат онака како што се очекува од нив, туку секогаш стремат кон оригиналност. Во љубовните односи се тешки но верни. Мана им е што светот го кројат според сопствените очекувања, па често ги разочаруваат луѓето околу себе.
Жена Риби: Генератор на љубов
Големи и тркалезни очи, сензуални усни, како и мали заби и стапала ги карактеризираат припадничките на овој знак. Нивниот сонувачки дух, големата креативност и желбата светот околу себе да го направат поубаво место се нивниот двигател. Имаат заштитнички став спрема оние што ги сакаат и способни се сосема да се предадат во љубовните сценарија. Одлични организаторки се и многу се емпатични. Недостаток им е што во односите со другите се поставуваат како оние што ќе прифатат се’, но всушност страдаат и се „јадат“. Најголем страв им е дека луѓето ќе ја изневерат нивната доверба.