
Малиот Никаитоле, момче од Кенија, е само едно од децата во Африка кои немаат вода за пиење и поради што секојдневно умираат по 4000 деца помлади од 5 години.
Би помислиле дека 4 годишно дете е премладо за да има список со желби кои би сакало да ги исполни пред смертта, но ова кениско момче веќе го има тој список.
Никаитоле сака да лета, сака да го доживее првиот бакнеж, сака да го победи Јусеин Болт во трка и да исполни уште неколку детски соништа.
Water is Life одлучиле да го привлечат јавното внимание на огромниот проблем за смртноста на децата во Африка поради недостаток на вода за пиење па го снимиле видеото каде се исполнува секоја желба на малиот Никаитоле со цел барем едно од овие деца да доживее убави и незаборавни мигови и кои остатокот од светот ги прифаќа здраво за готово.
httpv://www.youtube.com/watch?v=XYf82F3CHYo