
Ким Јонг-Ун, кој е носител на низа највисоки титули во земјата, вклучувајќи ги и врховен командант на вооружените сили на Северна Кореја и претседател на Комисијата за одбрана, сега стана и пратеник во Врховното народно собрание.
„Сите гласачи во изборната единица број 111 гласаа, а 100 проценти од нив својот глас го дадоа за Ким Џонг Ун. Тоа претставува израз на апсолутна поддршка и доверба во врховниот лидер Ким Јонг-Ун, со оглед на тоа што сите до еден му изразија лојалност”, објави државната севернокорејска новинска агенција KCAN.
Граѓаните на Северна Кореја во недела гласаа на парламентарните избори, кои се први откако во декември 2011 година актуелниот лидер Ким Џонг Ун го наследи својот татко, Ким Jонг-Ил.
Во секоја од 687 изборни единици имало по еден кандидат, па гласачите можеле само да напишат „да” покрај името на кандидатот на гласачкото ливче.
Изборите за Врховното народно собрание се одржуваат секоја петта година, а таа институција заседава двапати годишно за да го одобри буџет