
Фејсбук веќе почна кај дел од своите корисници да го пушта веќе долго очекуваниот нов изглед и редизајн. Големи промени нема да има, но ќе се внесе малку свежина.
Страните кои се покажуваат на компјутер ќе бидат поедноставни и поминималистички со цел да изгледот да биди поблизок до оној на мобилните верзии. Најголемата промена ќе биде кај сликите кои ќе се простираат низ целите новости.
Исто така ќе бидат поставени и нови фонтови пропратени со потемна позадина. Во левата колона ќе се забележи намалување на пренатрупаните елементи, со исфрлање на Фотографии и Пребарување. Временските рамки ќе се преместат од крајот на постовите под името на профилот или страната.
Потегот на редизајн на Фејсбук е дел од новата филозофија на прилагодување на социјалната мрежа кон нешто примамливо за очите, како примерот со нивната апликација Paper. Новиот дизајн ќе започне да се применува веќе од наредната недела.