
Новата апликација за iOS и Android под името Ливр е специфична по тоа што е наменета само за оние кои се пијани. Во прашање е еден вид на друштвена мрежа а на неа можете да се пријавите доколку имате доволно ниво на алкохол во крвта која ќе ја измерите со помош на малиот уред кој го приклучувате на вашиот смартфон.
Се што правите на оваа апликација останува внатре, а информациите околу тоа колку сте испиле можете да ги споделите со вашите пријатели кои, исто така пијат. Доколку нешто тргне наопаку, тука е и Blackout копчето кое ќе ви избришѓе се исто како да не сте го користеле, а постои и опција Send mornig after report, доколку биде добра ноќта за вас и тој репорт можете да го споделите со пријателите. Во апликацијата се наоѓаат голем избор на друштвени игри кои можете да ги играте, како на пример вистина или предизвик, или пак Drunk Dial која врти на луѓе кои го користат Ливр.
Се очекува Ливр да се појави на пролет. Во продолжение погледнете го видеото.
httpv://www.youtube.com/watch?v=gjSem4HDLsU