
Дали верувате во чуда? Дали ќе биде вашиот одговор потврден или не, она што се случило со ова бебе не може да се нарече никако поинаку!
Бебето било старо само еден ден кога престанало да дише. Докторите се обидувале да го оживеат, но и покрај напорите не успеале и го прогласиле за мртво.
Животот на малото бебе од Канада е вистинско чудо бидејќи бебето било родено предвреме и тежело само 850 грама.Малото бебе било веднаш ставено во инкубатор, а по само еден ден тоа за жал престанало да дише. Докторите се обидувале да го оживеат цели 25 минути, но и покрај напорите тие не можеле да направат ништо освен да ја констатираат смртта на бебето.
Неговите родители кои биле скршени од тага пред да го закопаат сакале детето да биде крстено. Кога мајката го фатила своето бебе во рацете за да биде извршен обредот на крштевање, одеднаш почувствувала дека неговото срце чука. Докторите веднаш повикале други доктори кои успеале да го спасат животот на бебето кое почнало да дише.
Таа е сега мало,здраво бебе, кое е прогласено за вистинско чудо.
Инаку, родителите се обидувале цели 18 години да добијат дете.

