
Интересна историја, сликовити предели ја прават совршената комбинација по која Сицилија е позната. Кога на тоа ќе го додадете гастрономското искуство, ќе посакате овој одмор да не заврши. Сицилија е најголемиот остров на Медитеранот, еден космополитски регион кои ја спојува културата од Европа, Азија и Африка.
На нејзиното тло живееле многу стари народи, како што се Феничаните, Картагињани, Грци, Римјани, Арапи и Нормани. Нејзините златни плажи кои се закитени со стрмни карпи и активен вулкан, Етна со околу 400 изгасени и неколку активни кратери.











