
Според проценките на аналитичарите Феликс Арвид е човек кој убедливо најмногу заработува на Јутјуб каналот.
Швеѓанинот кој го води каналот PewDiePie годишно според овие анализи заработува помеѓу 825 илјади и 8,47 милиони долари.
Во краткиот период од август 2013 до јануари 2014 на ова момче му тргнало од рака од 12 милиони да стигне до 23 милиони следбеници на Јутјуб, а неговите клипови да достигнат 3,7 милиарди прегледи.
Клејберг во своите видео клипови игра разни видео игри, додека во левиот горен агол се прикажуваат неговите реакции.
Успехот на овој Швеѓанин велат повеќето дека лежи во неговата интеракција со фановите.
httpv://www.youtube.com/watch?v=gRyPjRrjS34