
Ерик кој поради болеста има по 30 епилептични напади дневно, веќе поминал низ неколку тестови од кои секој чини по 6000 евра. Самата операција чини 60 000 евра.

Фудбалерот на Реал, Кристијано Роналдо ќе го плати целокупниот износ за операцијата на 10 месечниот Ерик кој е роден со тешко пореметување на мозокот.
Со оглед на високата цена која не можеле да си ја дозволат родителите упатиле апел до јавноста да се најде некој и да го спаси животот на нивното бебе.
Нивниот апел стигнал до Кристијано Роналдо кој одлучил да ги покрие сите трошоци за Ерик. Ова не е прв пар Роналдо да помага на болни деца. Португалецот за кој често велат дека е арогантен и себичен, има спасено до сега неколку детски животи.
