
Даниел Кајмакоски важи за скромен дечко кој со последната изјава покажа дека вистински мажи сеуште постојат. Даниел им порачува на девојките да бидат романтични, да имаат малку повеќе гордост и да размислат пред да го понудат своето тело.
Иако важи за најголемиот фаворит во Х Фактор, шоуто кое го освои регионот, Даниел не сака да се експонира.
Вели дека неколку пати имал ваква прилика, па од тоа не испаднало ништо, и знае колку брзо може се да пропадне, поради што со двете нозе стои цврсто на земја. Има интуиција дека токму сега е времето на неговиот успех, но подготвен е и на спротивното.
Вели дека во Х Фактор дошол подготвен и дека веќе немал што да загуби. Ја оставил работата, станот и играл само на една карта!
Тој е скромен па смета дека и Тамара заслужува да победи.
Даниел вели дека постојано има отворени понуди за секс од понежниот пол, на кои тој им одговара дека тоа не е воопшто романтично.
-Тие понуди не се убави, сепак не сме животни. Тие девојки не ме познаваат, па како тогаш можат да ми нудат такви работи? Девојките мораат да имаа малку гордост во себе. Јас, за жал, не сум вљубен, бидејќи добро одбирам, но бидејќи дефинитивно доаѓам да живеам во Белград, има време за се – вели Даниел Кајмакоски.